26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia гаси околу 600 работни места во Франција

Nokia гаси околу 600 работни места во Франција

Финскиот гигант Nokia планира да угаси околу 600 работни места во Франција, поради тоа што настојува да ги намали трошоците и да го промени фокусот на своите загубарски дејности.

Групата соопшти дека планира намалување на бројот на вработени во Франција за 597 лица, што е малку над 10 проценти од нејзината вкупна работна сила во таа земја, а француските синдикати тој потег го оценија како „неприфатлив“, пренесува агенцијата Франс прес.

Nokia, која повеќе не произведува мобилни телефони бидејќи го продаде тој бизнис на Microsoft, го купи во 2015 година француско-американскиот производител на опрема за телекомуникациски уреди Alcatel-Lucent, очекувајќи дека тој бизнис ќе доведе до заштеда.

Отказите во Франција ќе ги опфатат вработените во администрацијата и помошните услуги и нема да влијаат на истражувањето и развој, бидејќи компанијата фокусот го преместува на 5G брзата телеком мрежа, сајбер-безбедноста и уредите поврзани на интернет.

Nokia има за цел до крајот на 2018 година да оствари заштеда во вкупните расходи од 1,2 милијарди евра, откако минатата година забележа нето загуба од 766 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП