12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес дожд, грмежи и засилен ветер, од утре повторно разведрување

Денес дожд, грмежи и засилен ветер, од утре повторно разведрување

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. До крајот на денот атмосферата ќе се стабилизира.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а максималните од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне и околу пладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.

Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе достигнува од 30 до 35 степени).

Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП