7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Франција ќе продолжи да ја поддржува Грција да остане во еврозоната

Макрон: Франција ќе продолжи да ја поддржува Грција да остане во еврозоната

Франција ќе продолжи да ѝ дава поддршка на Грција за да остане во еврозоната, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, кој престојува во дводневна посета на Атина.

Макрон рекол дека Грција под голем притисок се бори да остане во еврозоната и ветил дека Франција ќе продолжи да ѝ помага во таа борба.

„Франција и понатаму ќе биде покрај Грција. Вашата земја поминува низ тежок период и народот многу се жртвува. Резултатите од владините реформи се охрабрувачки“, рекол Макрон.

Тој најавил дека сака да ја интензивира трговската соработка меѓу двете земји.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос соопштил дека иднината на Грција надвор од ЕУ е незамислива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП