18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15 милијарди долари за настраданите и штетите од Харви

15 милијарди долари за настраданите и штетите од Харви

Претставничкиот дом на САД усвои закон за доделување 15 милијарди долари за помош и обновување на штетите од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“. Иницијативата вчера беше изгласана и од Сенатот.

Конгресот одобри и зголемување на плафонот на долгот и финансирање на Владата. Усвоените закони треба да бидат потпишани од претседателот Доналд Трамп. Откако тој ќе го потпише документот, ќе се зголеми можноста за побарување кредити од страна на американската Влада и ќе се спречи банкрот. Со тоа ќе се обезбедат средства за помош на Тексас и обновување на штетите кои ги предизвика ураганот Харви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП