27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекојдневно расте бројот на мигранти во Грција

Секојдневно расте бројот на мигранти во Грција

Се побрзо е темпото со кое мигрантите пристигнуваат во Грција, објави агенцијата за бегалци на ОН, така што прифатните кампови на островите се преполни.

„Агенцијата за бегалци на ОН е многу загрижена поради влошувањето на ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското море“ соопшти УНХЦР.

„Бројот на бегалци, кој нагло се зголеми во август, дополнително ги оптерети веќе преполните прифатни кампови во кои се обидуваме, со големи напори , да ги подобриме условите“ се вели во соопштението кое го пренесе АФП.

На островите Лезбос, Самос, Хиос и Лерос константно пристигнуваат голем број бегалци, главно од Сирија и Ирак, а меѓу нив се и голем број деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП