26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре и задутре улични забави на „Боемска“

Утре и задутре улични забави на „Боемска“

Утре и во сабота  големата летна забава „Супер Скопје“, што се одржуваше во текот на претходните три викенди,  продолжува на Боемска улица. Утре забавата ќе почне  во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски,  а ќе продолжи со настапите на  групите Синтезис и Фолтин. Бината ќе биде поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата Канцеларија.

Во сабота ,од 21 часот, присутните ќе ги забавуваат  Нино Величковски и Тамбурашите,  а ќе продолжат Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „ Кај Перо“ и „Идадија“.

Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје.Главен организатор  е „Конгресниот центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП