1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши се сретна со хотелиерите, голем интерес за програмата за организиран одмор

Бектеши се сретна со хотелиерите, голем интерес за програмата за организиран одмор

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со претставници на угостителските и туристичките комори во земјава. Цел на состанокот беше спроведувањето на најновата мерка која на предлог на министерството за економија ја донесе владата, за организиран одмор на работници со ниски приходи.

Во текот на состанокот со министерот Бектеши, беше изразен огромен интерес за мерката, и во таа насока министерот Бектеши побара сите комори навремено да ги информираат нивните членки за повикот и условите за пријавување.

На состанокот министерот предложи, а коморите прифатија секој пријавен хотел да потпише меморандум со Министерството за економија со кој ќе се дефинираат следниве услови: да нема злоупотреба на Потврдите кои ќе ги издаде министерството, хотелите да понудат квалитетна услуга за граѓаните, хотелите да предложат промотивни пакети со реални цени и да се запазат нормативите за храна.

Угостителските и туристичките комори предложија при добивање на потврдата, апликантите да добиваат и список на хотели каде истите ќе можат да ги користат услугите, со конкретни понуди, барање кое беше прифатено од министерот.  Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи, односно до 22 илјади денари по семејство, да искористат годишен одмор во туристичките центри, за што по принципот ‘прв дојден-прв услужен’, од министерството за економија ќе добиваат потврда со парична вредност од 15 илјади денари, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Јавниот повик за пријавување на заинтересираните хотели трае од  5 до 14 септември 2017 година, а право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП