10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем хуманитарен настан на „Мрдни со прст“ в недела во Градскиот парк

Голем хуманитарен настан на „Мрдни со прст“ в недела во Градскиот парк

Градскиот парк в недела ќе одекне во звуците на македонската музика и солидарноста во рамките на хуманитарниот настан што ќе се одржи во периодот од 13 до 15 ч. на Школка, во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојковиќ, хип-хоп групата „Битрикс“, кошаркарската легенда Владо Илиевски, неповторливите Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе „мрдаат со прст“ и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа.

Целта на хуманитарниот настан е прибирање донации за училиштен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училиштен материјал, неопходен за непречено следење на училишната настава, кои хуманите граѓани ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“, кое ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства и од семејства во социјален ризик, кои се соочуваат со недостиг на финансиски средства за набавка на основните образовни материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП