20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на БДП од 1,8 отсто во вториот квартал

Пад на БДП од 1,8 отсто во вториот квартал

Домашниот бруто-производ во вториот квартал од годината бележи пад од 1,8 процент, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во овој квартал најголем пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,9 отсто, информации и комуникации од 1 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте 6 отсто, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто.

Во вториот квартал извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми 16 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП