21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 300 велосипеди и планинари уживаа во тура низ падините на...

Повеќе од 300 велосипеди и планинари уживаа во тура низ падините на Бистра(фото)

Минатата недела во Тресонче, успешно заврши адреналински спортски настан со бројни возбудливи содржини кои собраа повеќе од 300 љубители на природата и спортот на едно место.

Во организација на „Сава Осигурување“, посетителите добија несекојдневна можност за уживање во убавините на Бистра.

Настанот започна во петокот на 1 септември и успешно заврши со голема забава и доделување на награди за најдобрите во неделата на 3 септември.

„ Ова беше навистина незаборавна тура, оние кои не ја возеа за првпат беа со прецизни очекувања додека оние кои за првпат се впуштија во оваа спортска авантура неизбежни беа позитивните воздишки од пејзажите кои посебно во овој дел од годинта се непроценливи. Беше уживање за сите сетила, спортските активности беа со различен интензитет. Покрај велосипедите беа вклучени спортски дисциплини како планинарење или трчање по маркирани патеки, како и посебни активности за најмалите. Она што посебно не изненади е големата физичка подготвеност на учесниците и големиот интерес за учество. Им се заблагодаруваме на сите и ветуваме уште многу вакви слични настани во иднина“, изјави Соња Јовановска, Раководител на служба за поддршка на продажба во Сава Осигурување.

За сите оние кои не беа во прилог се фотографии од најубавите моменти од турата и ова несекојдневно спортско доживување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП