Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2017 година, во однос на претходниот месец пораснал за 0.4% , а индексот на цените на мало за 0.9%.
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5.3%, замрзнатото овошје за 1.6%, сушеното, соленото и чаденото месо за 1.5%, месото за 0.9%, изнутриците за 0.8%, другите преработки од месо за 0.6%, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за 0.5%, млекото за 0.4%, рибата и морските плодови за 0.2%.
Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 21.7%, болничките услуги за 5.7%, велосипедите за 4.9%, гасот за домаќинствата за 3.8%, течните горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2.7%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за рекреација и спорт за 1.7%, градините, цвеќињата и растенијата за 1.5%, предметите за лична хигиена и здравје за 1.1%, услугите за лична хигиена за 0.9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, цврстите горива за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0.5%, резервните делови и опрема за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0.3%, облеката и услугите за одржување на
станот за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.5%, оризот за 1.4%, брашното и другите жита и јајцата за 1.2%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0.9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7% и другите пекарски производи за 0.6%.
Исто така, во август, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење на домаќинствата за 2.5%, обувките за 2.2%, информатичката опрема за 0.9%, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0.6%, стоматолошките услуги за 0.4%, текстилот за домаќинствата и поправката на електричните апарати за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, бележи пораст од 1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1%.