3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе подготвува бум на небото: Кинеските авиокомпании ќе купат 7.000 авиони

Се подготвува бум на небото: Кинеските авиокомпании ќе купат 7.000 авиони

Кинеските компании до 2036 година ќе инвестираат повеќе од 1.100 милијарди долари за купување на 7.000 патнички авиони.

На тој начин ќе ја подмират целата побарувачка за домашни и странски летови.

Во „Boing“ се проценува дека во тој период кинеските превозници ќе купат 7,240 авиони.

Таа долгорочна прогноза ја потврдува кинескиот постојан раст, значителните инвестиции во инфраструктурата, се побројната средна класа и развојот на моделот на работење на авиокомпаниите, проценуваат во „Boeing“.

Се претпоставува дека три четвртини од нарачките се однесуваат на теснотрупни авиони, благодарение на големиот интерес за летовите во Кина и Азија.

Се проценува дека Кинезите ќе побараат и 1.670 широкотрупни авиони, наведуваат финансиските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП