4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвува промени за да ги зголеми даноците на интернет гигантите

ЕУ подготвува промени за да ги зголеми даноците на интернет гигантите

Министрите за финансии на ЕУ ќе разговараат за измени во прописите за зголемување на даноците за мултинационалните интернет компании како што се „Google“ и „Amazon“, објави „Ројтерс“.

Онлајн гигантите се соочуваат со зголемен притисок во Европа поради ниските даноци, но земјите често имаат потешкотии да ги зголемат своите даноци поради постоечките прописи кои го ограничуваат оданочувањето во земјите каде што се физички присутни.

Сегашната законска рамка им помага на дигиталните компании во однос на другите и ги лишува државите од вредни приходи, се вели во документот од претседателската функција на Естонија, подготвен за неформалниот состанок на министрите за финансии во Талин на 15-ти и 16-ти септември.

Документот предлага реформа на меѓународните даночни закони за промена на поимот „постојана деловна единица“, така што дигиталните компании ќе се оданочуваат таму каде што тие генерираат приходи, не само во земјите каде што се наоѓа нивната даночна канцеларија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП