7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезначително порасна американскиот трговски дефицит

Незначително порасна американскиот трговски дефицит

Американскиот трговски дефицит незначително порасна во јули, откако извозот опадна малку повеќе од увозот.

Министерството за трговија на САД соопшти дека е забележан трговски дефицит од 43,7 милијарди долари во јули, додека во јуни изнесуваше 43,5 милијарди долари.

Извозот во јули опадна за 600 милиони долари на 194,4 милијарди долари, додека увозот опадна за 400 милиони долари на 238,1 милијарда.

Во јули падна и извозот на хемикалии, нафта и пластика, но извозот на телекомуникациска опрема, делови за летала и индустриски машини порасна.

Истовремено е зголемен и увозот на месо и зеленчук, со што увозот на сточарски и земјоделски производи достигна рекордни 11,7 милијарди во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП