6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралиската економија руши рекорди

Австралиската економија руши рекорди

Австралиската економија успеа да го надмине слабиот почеток на годината, поттикната од државната и приватната потрошувачка.

Австралија забележа рекорден меѓугодишен раст, покажаа обjавените официјални податоци.

Бруто домашниот производ (БДП) на Австралија е зголемен во вториот квартал за 0,8 проценти, по 0,3 проценти во јануари и март, со што стапката на раст на годишно ниво достигна 1,8 проценти, соопшти австралиската канцеларија за статистика, известува агенцијата АФП.

Посилни показатели доаѓаат откако земјата забележала светски рекорд од 26 години без рецесија, иако растот на почетокот на годината беше забавен поради влијанието на циклонот Деби од четврта категорија, кој ја погоди источна Австралија.

Австралискиот долар падна под 80 американски центи по објавувањето на податоците, бидејќи инвеститорите биле разочарани што нивните цифри за БДП биле малку пониски од проценките на некои аналитичари.

Статистиката покажа дека потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал пораснала за 0,7 проценти, а потрошувачката на државата за 1,2 проценти, додека извозот на стока и услуги скокна за 2,7 проценти во извештајниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП