10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и потопло, температурите до 32 степени

Денес сончево и потопло, температурите до 32 степени

Во четврток, во Македонија, ќе преовладува сончево и малку потопло време, кое ќе биде проследено со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималните дбевни температури ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата од 8 до 30 степени.

Според метеоролозите уште денес времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Потоа облачноста ќе се зголемува и во сабота со засилениот југоисточен ветер ќе има повремен дожд, на места пороен и со појава на грмежи, особено кон југот.

Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат и на почетокот на следната работна недела. ухрм

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП