12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар од 13 до 17 часот

Прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар од 13 до 17 часот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, на делницата с.Долно Косоврасти – Мелнички мост, поради извршување градежни работи на пат во четврток сообраќајот ќе биде во прекин од 13.00 до 17.00 часот .

Од АМСМ со предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП