2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија е против влегувањето на Хрватска во ОЕЦД

Словенија е против влегувањето на Хрватска во ОЕЦД

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец рече дека Словенија ќе гласа против членството на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Таквата одлука, официјална Љубљана ја донела поради одбивањето на Хрватска да ја спроведе пресудата од Арбитражниот суд околу граничниот спор.

– Решително сум против тоа на Хрватска да и дадеме зелено светло. Освен, ако Хрватска не се обврзе дека ќе го испочитува она што од неа се очекува, изјави Ерјавец за мариборскиот весник „Вечер“.

Арбитражниот суд во Хаг одлучи да и даде на Словенија пристап до меѓународните води на штета на Хрватска. Спорот меѓу Словенија и Хрватска датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 километри квадратни и на граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има директен излез на отворено море. Коридорот до меѓународни води широк е околи 2,5 наутички милји и словенечките бродови и авиони ќе имаат слободен премин низ хрватското подрачjе.

Хрватска се повлече од судската процедура во 2015 година, а според хрватската Влада, одлуката не е обврзувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП