25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ подготвува нови прописи за финтеч индустријата

ЕЦБ подготвува нови прописи за финтеч индустријата

Европската централна банка (ЕЦБ) развива нови насоки за издавање на лиценци, кои ги опфаќаат финтеч компаниите, изјави Даниел Нуи, претседател на надзорниот совет на еднинствениот надзорен механизам.

Финтеч секторот, иако се уште е мал, зема удел на пазарот од традиционалните кредитори во сите сектори – од плаќања до кредитирање, објави новинската агенција.

Секторот, исто така, привлече 6,5 милијарди евра инвестиции во првата половина од годината.

„Ние развиваме прирачник за лиценцирање во ЕЦБ, кој исто така ги опфаќа и финтеч компаниите“, рече Нуи на прес-конференција. „Овој водич ќе биде објавен наскоро заради јавна консултација“, додаде тој.

„Техничките и финансиските пречки станаа малку пониски, банкарскиот пазар стана поспорен“, рече тој.

Финтеч индустријата опфаќа разновидни иницијативи – од мобилни апликации до плаќања до криптовалути како биткоинот. Тој се гледа како клучен фактор во иднината на финансиските услуги.

Регулаторите бараат начини за правилно надгледување на финтеч компаниите кои во голема мера се надвор од нивниот радар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП