2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛицата со говорни проблеми ќе добијат бесплатни логопедски прегледи

Лицата со говорни проблеми ќе добијат бесплатни логопедски прегледи

Од 4-ти септември до 4-ти октомври здружението „Интеракција плус“ од Скопје организира бесплатни логопедски прегледи за сите оние на кои им е потребна логопедско-дефектолошка помош.

Прегледите вклучуваат процена на говорно-јазичниот развој од страна на дефектолози и логопеди. Исто така, на прегледите ќе се врши процена од страна на развоен психолог.

Во здружението се применуваат најсовремените дијагностички методи, како што се: неврофидбек, аба, пекс, бихевиористичка терапија и други.
Целта на оваа акција е да се помогне во процесот на навремено препознавање и отстранување на говорно-јазичните проблеми и тешкотии.

За закажувања и дополнителни информации обратете се на телефонскиот број (071) 973-362 секој работен ден од 13 до 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП