6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради технички зафати утре без струја неколку делови од Скопје

Поради технички зафати утре без струја неколку делови од Скопје

Поради технички зафати во електромрежата, утре, 7 септември, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во повеќе скопски населби, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците Букурешка и Прашка (Општина Карпош), од 8.30 до 12.30 часот корисниците од дел од с. Никиштани, од 9 до 11 часот корисниците од дел од населбата Припор.

Од РЦУК информираат дека од 9 до 11.30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата 20 Октомври, од бр. 27 до бр. 42 (општина Центар), од 9 до 12 часот корисниците од улиците 474 и Томе Арсовски (општина Кисела Вода), од 10.30 до 14 часот корисниците од дел од улицата Генерал Михајло Апостолски, од бр. 9 до бр. 27 (општина Ѓорче Петров) и од 12 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата Загрепска, од бр. 1 до бр. 20 (општина Центар).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП