6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да изгледате полни со самодоверба на деловниот состанок

Како да изгледате полни со самодоверба на деловниот состанок

Вашиот говор на телотo многу зборува за вас. Следете ги овие совети за да успеете да зрачите со самодоверба на деловните состаноци…

1. Не мрдајте постојано

Избегнувајте го цупкањето со нозете, тропањето со прстите, играњето со косата и сличните потези кои им испраќаат сигнал на соговорниците дека сте вознемирени.

2. Не ги прекрстувајте рацете

Не ги прекрстувајте рацете во текот на разговорот, бидејќи тоа на соговорникот му дава знак дека ставате „гард“. Отворете се и бидете потристапни, така позитивно ќе делувате на лицето со кое сте на состанок.

3. Заземете павилен став со телото

Ако стоите или седите исправено, ќе делувато посамоуверено, дури и ако не е тоа така. Но, немојте да претерувате – седете исправено, но немој да бидете премногу крути, обидете се да делувате поприродно.

4. Забавете ги движењата

Брзото одење, брзото зборување и брзите движења прават да изгледате и да се чувствувате напнато.

Забавете и опуштете се. Забавениот начин на движење прави да изгледате самоуверено.

5. Разведрете се

Насмевнете се, но не обидувајте се постојано да бидете смешни. Бидете весели, но не изигрувајте комичар. Луѓето кои постојано се шегуваат (особено на своја сметка), изгледаат несериозно.

6. Одржувајте контакт со очите

Ако не го гледате соговорникот во очи, ќе изгледате нервозно и уплашено. Но, од друга срана, премногу гледање во очи може да изгледа и помалку чудно. Гледајте ги луѓето во очи, но немојте константно да зјапате во нив, туку повремено оттргнете го погледот настрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП