9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоторот на Европа со неочекуван и не така мал пад

Моторот на Европа со неочекуван и не така мал пад

Индустриските нарачки во Германија неочекувано паднаа во јули поради малата побарувачка како во земјата, така и во еврозоната, покажуваат официјалните податоци.

Новите нарачки во јули се намалени за 0,7 проценти во однос на претходниот месец, според сезонски и календарски прилагодените податоци, соопшти Федералната канцеларија за статистика, Дестатис, пренеусва агенцијата Франс прес

Аналитичарите во анкетата на истражувачката компанија Фактсет предвидоа благ раст од 0,1 проценти.

Домашните нарачки паднаа за 1,6 проценти, а оние од соседните земји од еврозоната за 1,0 проценти, додека нарачките од остатокот од светот пораснаа за 0,6 проценти, пресмета Дестатис.

Побарувачката за стока произведена во Германија опадна во сите сектори, при што нарачките од интермедијалните и капиталните добра се намалени за 0,4 проценти и 0,7 проценти респективно, а стоката за широка потрошувачка за 3,0 проценти.

Кога ќе се елиминираат исклучително волатилните нарачки од податоците, тогаш побарувачката за германската стока покажува раст од 0,6 проценти во споредба со јуни, истакна Дестатис.

Министерството за економија пресмета дека заедно податоците за јуни и јули покажуваат зголемување на нарачките за 1,1 проценти во однос на претходните два месеци, оценувајќи дека солидниот раст на индустриската активност би требал да продолжи во претстојниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП