28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарна изложба за Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Хуманитарна изложба за Домот за доенчиња и мали деца во Битола

ФЛАЕР  ИЗЛОЖБА - 2013 copy (1)

Купи творба покажи грижа! 

Школата за цртање Академија Дел Арте по повод петгодишниот  јубилеј од постоењето на 21 мај со почетокот од 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје организира изложба со хуманитарно аукциска продажба на уметнички дела изработени од учениците. Средствата се наменети за Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

На  изложбата  ќе учествуваат  22  ученика со 139 дела  изработени во повеќе техники – цртежи, пастели, темпери и масла на платно. На продажба ќе бидат и дела на академскиот сликар Љупчо Бојаров, изработени во камен, камени крстови и камени записи.

Учениците на Академија Дел Арте досега остварија и учествуваа на повеќе изложби меѓу кои Меѓународна детска ликовна изложба “13 Ноември”, изложба “Флора и Фауна – Извор на животот и убавината“, на кои Илина Гајдарџиска, Стела Распашковска, Анастасија Јаневиќ и Кристина Дебси ја  освоија првата награда.

-Школата досега ја посетија над шеесетина ученици од сите возрасти кои во неа реализираа околу илјада дела изработени во повеќе техники, а главен акцент беше ставен на цртежот. Застапени се сликарските техники со водени бои, темпера, акрил, масло на платно, колаж, сув пастел, сликање на стакло и стаклени предмети со витражни бои и мозаик во природен и вештачки камен, вели Љупчо Бојаров, основачот на Школата.

ФЛАЕР  ИЗЛОЖБА - 2013  prva stran a

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП