25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Русија продолжи да опаѓа

Инфлацијата во Русија продолжи да опаѓа

Русите би можеле за месец август да забележат инфлација од 3,4 проценти, што е под целта на руската централна банка од четири проценти, пренесува Раша тудеј.

„Во Август имавме многу мала стапка на пад на цените. Податоците за инфлацијата ќе бидат објавени во наредните неколку денови, а стапката ќе биде близу 3,4“ изјави рускиот министер за економски развој Максим Орешкин.

Годишната инфлација во Русија забави на 3,9 проценти во јули од 4,4 проценти во јуни, според агенцијата за статистика, Ростат. Министерството за економски развој предвидува дека инфлацијата во Русија оваа година ќе изнесува 3,8 проценти. Целта на централната банка е четири проценти.

Орешкин изјави дека доколку продолжи трендот на силната рубља, инфлацијата може да падне на 3,5 од 3,7 проценти во 2017 година.

Рубљата денес се тргуваше на ниво од 57,8 рубљи за долар и 68,68 рубљи за евро. Руската валута континуирано зајакнува во однос на американскиот долар во текот на последните 52 недели, забележувајќи раст од над 11 проценти во однос на „зелената банкнота“.

Орешкин претходно изјави дека после рецесијата предизвикана од западните санкции, Русија се потпира на инвестициите како клучен катализатор на економскиот раст.

„Очекуваме дека во наредните три години растот на инвестициските активности ќе биде во распон од четири до пет проценти, што ќе допринесе за поголеми стапки на економскиот раст“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП