22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: „Драстично ќе ги намалиме даноците, парите ќе одат во џебот на...

Трамп: „Драстично ќе ги намалиме даноците, парите ќе одат во џебот на работниците“

Претседателот на САД Доналд Трамп ги нарече американските даночни закони „автодеструктивни“.

Тој наведе дека со Конгресот ќе разработи план да ги поедностави и „драматично“ да го намали данокот на доход на граѓаните.

„Нашиот план е драматично да се намали данокот на доход за американските работници и семејства. Скоро двојно ќе ги намалиме нивните издвојувања и ќе им помогнеме да напредуваат. Тоа ќе го направи нашиот комплициран даночен систем едноставен и почесен. Ќе ги врати парите во џебовите на луѓето кои ги заработиле“, наведе Трамп.

Текстот на Трамп е објавен во листата на Milwaukee Journal Sentinel.

Се очекува дека Конгресот ќе се занимава со таа тема кога оваа недела ќе се состане по августовската пауза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП