17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради градежни работи попладне прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Поради градежни работи попладне прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, на делницата с.Долно Косоврасти – Мелнички мост, поради извршување градежни работи на патот денес и утре сообраќајот ќе биде во прекин од 13.00 до 17.00 часот.

Поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП