17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ремизираше со Албанија

Македонија ремизираше со Албанија

Македонија одигра нерешено 1:1 (0:0) со Албанија во рамките на осмото коло во Г квалификациската група за пласман на Светското првенство.

Македонските фудбалери на стадионот „Младост“ во Струмица доминираа во текот на целиот натпревар, го имаа поседот на топката на своја страна, упатија многу повеќе удари кон противничкиот гол, вкупно 21 од кои девет во рамките на голот, но во одредени моменти немаа среќа, а и албанскиот голман Бериша, со неколку сигурни интервенции успеа да ја одбрани својата мрежа.

Најблиску до гол во доминантното прво полувреме Македонија беше по обите на Пандев и Барди. Македонскиот капитен се обиде од 20 метри, но Бериша го одбрани неговиот удар, а албанскиот голман со многу проблеми ја скроти топката по слободниот удар на Барди.

Со иницијатива на Македонија започна и второто полувреме, но по само осум минути игра, Роши ги шокира најголемиот број присутни на стадионот. Мемушај испрати центаршут од левата страна, Алиоски доцнеше во одбраната, а Роши биеше со глава и го погоди спротивниот агол од голот на Димитриевски.

По постигнатиот гол Албанците уште повеќе се повлекоа, оставија малку простор за игра, а Македонија најопасна беше од прекините.

По еден корнер во 77.минута Хисај успеа да интервенира, но стрелецот на голот Роши беше невнимателн, играше со рака и му овозможи на Трајковски од пенал да го израмни резултатот.

До крајот селекторот Ангеловски сите карти ги фрли во нападот, заигра со петмина во нападот. Таквата определба на Македонија и донесе две шанси во неколку секонди. Алиоски во 85.минута упати вистинска бомба кон голот на Бериша, кој успеа да одбрани, а на одбиената топка налета Несторовски, но и неговиот удар го одбрани албанскиот голман.

Нерешениот резултат во Струмица е првото реми во овој циклус квалификации за двете репрезентации. Во наредната рунда на 6.октомври Македонија ќе и гостува на Италија, а Албанија ќе оди кај Шпанија.

Македонија остана претпоследна со седум бодови, а Албанија трета со 13 бодови.

Вечерва во Г групата Шпанија во Лихтенштајн победи со 8:0, а Италија со голот на Имобиле го совлада Израел.

Г група, табела:

Шпанија 22, Италија 19, Албанија 13, Израел 9, Македонија 7, Лихтенштајн 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП