10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ одлучи: Трансмет ќе ископува јаглен и јаловина во РЕК „Битола“

ЕЛЕМ одлучи: Трансмет ќе ископува јаглен и јаловина во РЕК „Битола“

За најповолен понудувач за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е избрана фирмата „Трансмет“ ДОО Скопје на бизнисменот и сопственик на ТВ „Нова“, Сеад Кочан, одлучи „Електрани на Македонија“.

Конечната одлука за најповолен понудувач е донесена на 1 септември. Цената на тендерот е околу 6 милиони евра, односно од 44 денари за гигаџул постигната на електронската негативна ценовна аукција за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК „Битола“.

Од ЕЛЕМ тврдеа оти знаат дека Кочан е под кривичен прогон, но дека на тендерот е избрано правното лице, а Сеад Кочан излегол од сопственичката структура.

Од АД ЕЛЕМ побараа писмен доказ дека сметката на „Трансмет“ не е блокирана, со што ѝ се дава законска можност да учествува на тендери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП