17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Белград цените за изнајмување станови бележат раст

Во Белград цените за изнајмување станови бележат раст

Поради зголемената побарувачка, кириите во Белград и во Нови Сад пораснале и до 20 отсто за разлика од минатата година. Најбарани се гарсониерите и еднособните станови во близина на факултетите.

Агенциите за недвижности велат дека иако во последните денови дошло до зголемување на кириите, сепак, според нив, цените и понатаму се ниски.

Најголема побарувачка за станови во Белград има од август до октомври. Кириите за гарсониерите и за еднособните станови се движат од 150 до 250 евра месечно. Во Нови Сад, пак, еднособен опремен стан може да се изнајми за 160 до 200 евра.

Во Ниш цените се исти како лани. Закуп на гарсониера чини 100 евра месечно.

Во центарот на Белград кириите се најголеми, а најповолни се во Борча, Крњача, Карабурмa и на периферијата на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП