14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за економија објави јавен повик за организиран одмор на работници со...

Министерството за економија објави јавен повик за организиран одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги повикува заинтересираните категоризирани угостителски објекти (хотели) во Република Македонија да се пријават на јавниот повик на Министерството за економија за организиран одмор на работници со ниски приходи.

Министеството за економија, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија денес (05.09.2017) година, објави јавен повик за пријавување на интерес на угостителските објекти за сместување во туристичките центри во Република Македонија за организиран одмор на работници со ниски приходи.

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување во Република Македонија. За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување до Министерството за економија треба да достават пополнет образец на барање за пријавување на интерес..

По реализација на организираниот одмор, угостителските објекти се обврзуваат до Министерство за економија да достават копија од Потврдата за користење на организиран одмор за работници со ниски приходи заедно со фактура за наплата на средствата најдоцна до 18.12.2017 година.

Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Македонија и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП