4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен тендер за машини за чистење на паркинзите

Објавен тендер за машини за чистење на паркинзите

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје распиша тендер за набавка на машини за чистење на паркиралиштата и катните гаражи.

Предвидено е понудувачот да достави понуда за набавка на два типа на машини за чистење: машина за суво чистење (вшмукување) и машина за чистење на вода (чистење на гаражи со мазни површини). Проценета вредност на набавката изнесува 900.000 денари без вклучен ДДВ.

Аукцијата ќе биде електронска, а за најповолен понудувач ќе биде избран тој што ќе понуди најниска цена. Крајниот рок за понуди е 14 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП