10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Само волјата на британскиот народ може да го запре Брегзит

ЕК: Само волјата на британскиот народ може да го запре Брегзит

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) беше „глупава“ и само волјата на британскиот народ може да ја запре, коментира Мартин Зелмајер, шеф на кабинетот на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, цитиран од „Bloomberg“.

„ Брегзит е лошo нешто и тоа е глупаво решение“, рече Зелмајер на конференција во Брисел во понеделникот. „Единствените луѓе кои можат да ја свртат ситуацијата е британскиот народ, и јас не сум мечтател, туку реалист. Брегзит ќе се одржи на 29-ти март 2019-та година“, рече тој.

Зелмајер, еден од најпознатите претпоставени луѓе во хиерархијата на ЕУ, зборуваше два дена откако преговарачите од страна на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние изјави дека Британците треба да бидат „образовани“ за цената која ќе ја платат за својата одлука.

Велика Британија и ЕУ започнаа со потешките преговори за условите за излез на земјата од ЕУ. Британската влада одбива да прифати дека има финансиски обврски надвор од редовната годишна членарина, а во замена ЕУ одби да започне преговори за идниот трговски договор.

Отворени врати

Зелмајер рече дека иако од правна гледна точка е можно Британија да ја поништи одлуката, би било арогантно да кажеме дека ЕУ може да ги поттикне да се случи тоа.

„Вратата на Европската унија по март 2019-та година секогаш ќе биде отворена“, рече Зелмајер. „Но политички во моментов оваа опција не е на маса“.

Иако тој нема директна улога во преговорите, Зелмајер го коментира спорадично Брегзит по референдумот во 2016-та година. Според него одвојувањето нема да биде успех за Велика Британија.

А додека времето за кралството истекува, се појавија сложни проблеми како што е планот за транзициониот период, кој се уште е далеку од решавање, а земјата ќе го напушти блокот по 19 месеци, без разлика дали успеала да склучи договор, или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП