3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новата Ѕ класа на Mercedes

Пристигна новата Ѕ класа на Mercedes

s klasa

Компанијата „Mercedes-Benz“ официјално го претстави „Mercedes-Benz S class“. Овој модел се очекува да се најде во продажба во текот на годината. Редизјанираниот модел поседува специфичен преден дел со масовна решетка на моторот и LED светла.

Исто така можеме да ги забележиме специфичните задни светла, аголниот багажник и двојниот издувен систем на возилото. Кабината на овој модел е опремена со материјали од висок квалитет и премиум детали.

s klasa1

Значајни делтали се панорамнскиот покрив, осветлените прагови на вратите, врати кои лесно се затвараат и LED амбиенталното осветлување. Исто така купувачите на овој модел на располагање ќе имаат и „Burmester“ аудио систем, како и два 12.3 инчни екрани и четири различни видови на дрвени украси.

Купувачите исто така ќе можат да нарачаат греење/вентилирање на седишта, забавен систем на задните седишта, како и „Air Balance Package“ кој го филтрира и јонизира воздухот и дури испушта парфем внатре во кабината.

s klasa2

Под хаубата, клиентите на располагање ќе имаат три различни погонски агрегати. Во рамките на моделот „S350 BlueTEC“ достапен е 3.0L V6 дизел мотор кој развива 258ks и 620Nm вртежен момент. Тој овозможува возилото од 0 дo 100km/h да забрза за 6.8 секунди и да достигне максимална брзина од 250km/h.

Моделот S500 ќе им понуди на купувачите 4.7L V8 бензински мотор кој развива 455ks и 700Nm вртежен момент. Ова ќе му овозможи на возилото до „стотка“ да стигне за 4.8 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 250km/h.

s klasa3

Последниот модел е S400 Hybird кој ќе има мотор 3.5 L V6 и кој развива снага од 306ks заедно со вртежен момент од 370Nm. Овој мотор на луксузниот седан му овозможува од 0 дo 100km/h да дојде за 6.8 секунди, а максималната брзина е од 250km/h.

Еве дел од официјалната презентација на новата Ѕ класа, како и официјалното видео за споменатиот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП