5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје го распиша конкурсот за доделување на наградата „13 Ноември“

Град Скопје го распиша конкурсот за доделување на наградата „13 Ноември“

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје го распиша конкурсот за доделување на наградата за 2017 година.

Oваа награда се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата може да се додели и на физички и на правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за градот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и на студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.

Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември (архива барака број 16 на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82, Градски парк).

Наградите ќе бидат врачени на посебна свеченост на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП