23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz ја освежи S-Class купе и кабриолет (фото+видео)

Mercedes-Benz ја освежи S-Class купе и кабриолет (фото+видео)

Германската компанија Mercedes-Benz официјално ги претстави обновените купе и кабриолет S-Class, моделот година за 2018-та година. Светското деби на освежените автомобили ќе се одржи за време на автосаемот во Франкфурт, кој започнува на 12-ти септември.

Уште од почетокот на годината, „Mercedes-Benz“ ја покажа обновената верзија на „S-Class“ седан. Сега дојде на ред купето и кабриолетот кои ги добија истите промени во дизајнот. Дури и во основната верзија, и двете возила сега ќе бидат опремени со задните светла со „OLED“ технологија.

Покрај тоа, „S-Class“ купе и кабриолет имаат нови предни и задни браници, модернизирана главна оптика и ревидирана решетка на радијаторот. Издувните цевки се исто така изменети.

По дотерувањето во кабината на „Mercedes-Benz S-Class Coupe“ и „S-Class Cabriolet“ се ставени 12,3-инчни монитори, информациско-забавен систем „COMAND“ од последната генерација, како и нов волан со сензори. Сите овие системи и уреди дебитираа во новата генерација на „E-Class“.

За целото семејство на предводникот на брендот се нуди системот „Energizing Comfort“, благодарение на кој се активираат функциите, како загревање и масажа на седиштата, промена на режимите на работа на агрегатите, како и дури менување на музиката во кабината. Сè е направено за да се зголеми удобноста на патниците.

Истовремено со тоа обновените купе и кабриолет добиле подобрени системи „Active Distance Assist Distronic“ и „Active Steering Assist“ кои веќе влегуваат во стандардната опрема на моделите. Суспензијата „Magical Body Control“, исто така, е надградена, која има подобрено маневрирање на возилото.

Купето „Mercedes-Benz S-Class Coupe“ (2018-та година) ќе се нуди на пазарите во модификации „S 450 4MATIC“ (3,0 V6, 367 КС, 500 Nm), „S 560/S 560 4MATIC“ (4.0 V8 , 469 КС, 700 Nm), „AMG S 63 4MATIC +“ (4,0 V8, 612 КС, 900 Nm) и „AMG S 65“ (6.0 V12, 630 КС, 1000 Nm).

„Mercedes-Benz S-Class Cabriolet“ (2018) ќе биде достапен во верзии „S 560“ (4.0 V8, 469 КС, 700 Nm), „AMG S 63 4MATIC +“ (4.0 V8, 612 КС, 900 Nm) и „AMG S 65“ (6.0 V12, 630 КС, 1000 Nm).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП