27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ сака поголем буџет за 2018-та година

Советот на ЕУ сака поголем буџет за 2018-та година

Буџетот на Европската унија (ЕУ) за 2018-та година треба да се насочи главно за промовирање на економскиот раст и работните места и да ја гарантира безбедноста и справувањето со миграциската криза, посочува во својот став, Советот на ЕУ, цитиран од ресорната прес служба.

Советот нагласува дека буџетот, исто така, треба да обезбеди доволно финансиска слобода за да ги задоволи непредвидените потреби на заедницата.

Советот сака повеќе од 122,5 милијарди евра – речиси 85% од вкупните исплати за да се искористи за стимулирање на растот и создавањето на работни места. Други важни приоритети се да се обезбедат сигурност на европските граѓани и да се справат со миграционата криза.

Севкупно, Советот на ЕУ предлага буџетот да достигне 158,9 милијарди евра во обврски и 144,4 милијарди евра во исплати. Ова претставува зголемување од 0,6% и 7,4% во однос на буџетот за 2017-та година.

Значителното зголемување на плаќањата го одразува фактот дека програмите за периодот 2014-2020-та година ќе бидат во напредната фаза на имплементација, се наведува во соопштението.

Советот одобри и два предлога кои се базираат на буџетот за 2017-та година – укажување помош на млади невработени лица и на италијанските региони погодени од серијата земјотреси во 2016-та и 2017-та година.

„Советот ја разгледува буџетската позиција за следната година како обезбедување на адекватни ресурси за поддршка на спроведувањето на политичките приоритети на Унијата, како и значително зајакнување на фискалната позиција на ЕУ преку зголемување на флексибилните амортизери“, коментира Март Кивине, заменик-министер за финансии на Естонија и главен преговарач за буџетот за 2018-та година.

Преговорите со Европскиот парламент (ЕУ) за буџетот на ЕУ за следната година ќе се одржат во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП