27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСилата на овошјето: Лимонот како извор на енергија

Силата на овошјето: Лимонот како извор на енергија

Лимонот има повеќе благодети отколку што можете да замислите, доколку го ставите навечер покрај креветот, наутро ќе уживате во неговото речиси неверојатно дејство….

Аромата на цитрусот го смирува нервниот систем, ја намалува тешкотијата и помага во релаксирањето по напорниот ден. Ако немате етерично масло од лимон, користете парче свеж лимон.

Ја подобрува концентрацијата – со вдишувањето на аромата од лимонот секој ден, луѓето стануваат поконцентрирани, а нивната ментална активност и паметење се подобруваат. Дури и на работа помалку ќе грешат ако се опкружени со мирис на лимон, покажаа истражувањата на јапонските научници.

Воздухот ќе биде почист – лимоновата арома делува добро и против бактериите и го чисти воздухот од нечистотии.

Ги брка комарците, мравките и мувите – овие инсекти не го поднесуваат мирисот на лимонот. За уште поголем учинок во лимонот можете да забодете неколку стапчиња. Ставете ги на стратешките места и ќе спиете како бебе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП