8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин предложи заедничка енергетска платформа за БРИКС

Путин предложи заедничка енергетска платформа за БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин им понудил на членките на БРИКС заедничка платформа во областа на енергетските истражувања.

„Важно е да го зајакнеме дијалогот за енергетиката на овие пет земји“, изјави Путин на самитот на БРИКС, кој се одржува во кинескиот град Сијамен.

Рускиот претседател предложи да се основа заедничка енергетска плтформа која би овозможила подобра размена на информации, аналитички и научни податоци, пренесува ТАСС.

Путин повика на „почеток на развивање на заеднички мерки за да се обезбедат еднакви услови за ривалство во целиот простор на оваа групација“.

Тој потсети дека Стратегијата за економското партнерство на БРИКС е усвоена на самитот во Русија во 2015 година.

„Ние сметаме дека треба да ја развиваме електронската трговија без препреки, да ги поддржиме малите и средни претпријатија и поголемата ефикасност на партнерството на државите и приватниот сектор“, изјави рускиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП