26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири совети кога едноставно „не стигнувате да кренете глава од бирото“

Четири совети кога едноставно „не стигнувате да кренете глава од бирото“

Задолжително планирање

Иако ви се чини дека немате време ни за дишење – прво што треба да направите кога ќе седнете на бирото е да го испланирате претстојниот ден. Попис на обврските, проверување на задолженијата… нема да ви земе повеќе до 15-20 минути, а ќе го избегнете она чувство на грч во желудникот кога околу 15 часот ќе се сетите на преважниот состанок кој всушност сте го заборавиле.

Занемарете ги мејлот и телефонот

Не морате да се јавувате на телефон само затоа што тој ѕвони. Исто така, не морате да одговарате на меловите само затоа што пристигнуваат. Нормално говориме за сериозна гужва, а доколку имате временски рамки за одделни задачи, занемарете се што може да ви одземе време. На почетокот на денот испланирате одредено време во кое ќе одговорите на пропуштените повици и мејлови.

Facebook, Messenger, Gmail, Twitter…

Постојат бранши во кои да се биде на социјалните мрежи значи да се работи својата работа. Но дури ни тоа не значи дека овие икони мора постојано да ви светкаат. Доколку сте вклучени на само една од овие мрежи голема е веројатноста дека некој пријател ќе ве праша за кафе, за совет или она легендарното… еј што има ново?

Дали ќе стигнам се…Нема!

Невозможно е да стигнете се што ви се натрупало – па затоа своите задолженија распределете ги според приоритети од утрото до крајот на работниот ден. Ако планот го направите квалитетно, за крај ќе ви останат работите кои „не се толку“ важни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП