19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради градежни активности времен прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Поради градежни активности времен прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвиваат пo суви коловози.

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, на делницата с.Долно Косоврасти – Мелнички мост, поради извршување градежни работи на пат во наредните три дена (вторник,среда и четврток) сообраќајот ќе биде во прекин од 13.00 до 17.00 часот.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП