24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Турција е пример за успешни економски реформи“

„Турција е пример за успешни економски реформи“

turcija1

Поранешниот премиер на Франција Доминик де Вилпен изјави дека Турција, со ефикасната економска и финансиска политика која ја спроведува во последните години, стана меѓународен пример.

Поранешниот француски премиер, кој е во посета на Турција, присуствуваше на состанокот на кој се преговараше за соработка меѓу Франција и Турција.

Доминик де Вилпен изјави дека финансиската криза, која започна во 2007 година во Америка, сеуште се чувствува на глобалните пазари, особено во Европа.

Вилпен рече дека Турција, со ефикасната економска и финансиска политика која ја спроведува во последните години е пример за сите земји во светот. Тој изрази убедување дека оваа држава ќе успее да ги исполни своите цели, а тоа е до 100 годишнината од основањето на Република Турција, односно до 2023 година, да влезе во лисатата меѓу десетте најсилни економии во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП