15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе финансира изградба на нуклеарна електрана во Египет

Русија ќе финансира изградба на нуклеарна електрана во Египет

Египет по две годии преговори постигна договор за изградба на нуклеарна електрана која би ја финансирала Москва, пренесуваат руските медиуми. Информациите се појавија во јавноста по состанокот на претседателите на двете земји, Абдел Фатах ал Сиси и Владимир Путин.

Нуклеарната електрана би била изградена во Даба, на крајбрежјето на Медитеранот на 130 километри северозападно од Каиро. Египетското претседателство соопшти дека Сиси го повикал Путин да го посети Египет во чест на почетокот на изградбата на електраната.

Египет и Русија во 2015 година потпишаа договор за изградба на нуклеарки со четири реактори и со капацитет од 4.800 мегавати. Русија ќе му даде кредит на Египет од 25 милијарди долари, што би покрило околу 85 отсто од трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП