4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурц: Социјалната помош за мигрантите да се намали на 560 евра по...

Курц: Социјалната помош за мигрантите да се намали на 560 евра по лице

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, изјави денеска дека треба да се намали социјалната помош за мигрантите. Неговата изјава се случува непосредно пред општите избори кои треба да се одржат на 25. октомври , а на кои тој важи за фаворит.

Планот е да се намали исплатата на бегалците на 560 евра месечно по лице, што е околу половина од сумата која се смета за праг на сиромаштијата според консензусот на 40 социјални групи, додека исплатата по домаќинство би била ограничени на 1.500 евра, пренесува Ројтерс.

Десетина илјади луѓеод Блискиот исток, од Авганистан и од Африка стигнале во Австрија изминатите две години, со што зголемени се јавните трошоци на социјална помош и зголемена поддршка на креаторите на политиката кои заговараат намалување на миграцијата, наведува британската агенција.

Три провинции во Австрија воведоа слични прописи, како што се предлозите на Курц. Истовремено, УНХЦР предупредува дека со намалување на исплатата на мигрантите се крши европското и меѓународното право.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП