29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов ќе присуствува на економски форум во Полска

Иванов ќе присуствува на економски форум во Полска

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Полска по повод 27. економски форум, кој ќе се одржи во Крињица – Здруј.

Претседателот Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на економскиот форум на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“, на која ќе говорат и претседателот на Република Полска, г. Анджеј Дуда, и претседателот на Грузија, г. Гиорги Маргвелашвили. Главна тема на годинашниот економски форум е „Проект Европа – кој е рецептот за следната деценија?“.

За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Република Полска, г. Анджеј Дуда.

В среда претседателот Иванов ќе се обрати на 12. економскиот форум на млади лидери во Нови Сад.

Економскиот форум, кој оваа година се одржува 27. Пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел на континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа. На форумот ќе присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји од Европа и светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП