5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го зголемува производството на нафта и гас во првите осум месеци...

Русија го зголемува производството на нафта и гас во првите осум месеци од годината

Производството на нафта и гас во Русија за периодот јануари-август 2017-та година се зголеми за 0,9% на годишна основа на 364,8 милиони тони. Според податоците од Централното управување со диспечерите на горивно-енергетскиот комплекс, цитиран од „ТАСС“.

Во август произведени се само 46,14 милиони тони нафта.

Минатиот месец Русија го надмина планот за намалување на производството на нафта за 44.000 барели, според вчерашната изјава на Министерството за енергија. Со квота од 300.000 барели дневно, земјата го намали производството за 344.000 барели дневно во споредба со октомври минатата година, како што беше договорено со „ОПЕК“.

Извозот на нафта од Русија за т.н. далечното странство (земјите надвор од ЗНД) во првите осум месеци расте со 3,6% до 173,432 милиони тони. Августовските експорт достигнува 21,459 милиони тони, покажа уште денешната статистика.

Производството на гас во Русија во текот на осуммесечниот период се зголеми за 12,6% на годишна основа на 448.242 милијарди кубни метри.

Во август беа произведени 54.196 милијарди кубни метри сино гориво.

Шефот на Гаспром претходно соопшти дека производството на компанијата бележи раст со 20,1% за периодот јануари – август до 302,6 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП