18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРабота од дома: Предност или ноќен кошмар?

Работа од дома: Предност или ноќен кошмар?

Флексибилното работно време често знае да се претвори во вистински кошмар за работниците, бидејќи тие тогаш стануваат 24 часа достапни.

Многу вработени сакаат да работат од дома приклучени во компјутерскиот систем на фирмата, но тука постојат два проблеми, малку компании нудат таква работна можност, а оние кои тоа го нудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.

Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилниот телефон, дури и кога сте на одмор сигурно се фаќате себе како ја проверувате деловната пошта.

Истражувањата покажуваат дека голем број на вработени посакуваат можност за работа од дома, но само мал процент од компаниите ја нудат оваа можност.

Ваквиот вид на работа особено е поволен за мајките со мали деца.

Сепак, работата од дома најчесто подразбира прекувремена работа за да се исполнат сите барања на работодавецот.

По осум часа работен ден, некои работодавци очекуваат работникот сеуште да им стои на располагање, да е „вклучен“ во мрежата и работните процеси, покажуваат резултатите од едно истражување во Германија.

Некои експерти од областа на правото на работниците се залагаат во договорот, но и во законот, да стои одредница за правото на недостапност, односно правото работникот да биде исклучен од работата по звршувањето на работните часови , односно работниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП