20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДневните температури ќе пораснат од среда

Дневните температури ќе пораснат од среда

Период на стабилно време со свежи утра и дневна температура што ќе биде во постепен пораст следува од задутре.

Метеоролозите најавуваат дека услови за локален дожд ќе има в сабота.

Утринските температури ќе се спуштат до 3 и ќе достигнуваат до 16. Најсвежо ќе биде во среда наутро кога на одделни места во земјава температурата ќе биде 3 степени, а дневната ќе се движи од 23 до 30 степени.

Утре утринската ќе се движи од 5 до 15 степени, а дневната 17 до 28 степени. В четврток од 4 до 13 утринската и од 25 до 31 степен дневната. В петок утринската од 5 до 14, а дневната од 25 до 32 степенa. В сабота утринската ќе се движи од 7 до 16, а дневната 26 до 32 и в недела утринската температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а дневната од 27 до 33 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП