19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTUI и покрај загубата ја зголеми прогнозата за цела година

TUI и покрај загубата ја зголеми прогнозата за цела година

tui1

Германскиот тур-оператор „TUI“ објави дека неговата нето загуба е зголемена во вториот фискален квартал, но и покрај тоа, тој ги зголеми прогнозите за резултатите за цела 2013 година.

„TUI“, чија фискална година трае од октомври до септември, во соопштението наведе дека во периодот од јануари до март работел со загуба од 248,4 милиони евра. Во истиот период минатата година нето загубата изнесуваше 185,2 милиони евра.

Компанијата, исто така, ја намали и оперативната добивка на 303,4 милиони евра, од 309,5 милиони евра колку што изнесуваше во истиот период минатата година. Приходите се зголемени за 1,9 проценти, на 3,344 милијарди евра.

Во „TUI“, високата нето загуба ја препишуваат на еднократните фактори, вклучувајќи го и отписот на хотелскиот проект во Италија, резервациите поврзани со проширувањето на флотата на бродовите за кружни патувања и трошоците за престојот.

Врз основа на овие „солидни бизнис перформанси… ние ја зголемивме прогнозата за цела година“, изјави директорот Хорст Биер. Управата на „TUI“ сега очекува подобрување.

Иако еднократните нето трошоци ќе ги надминат нашите првични очекувања, вкупната добивка „ќе остане позитивна во цела година, но на неа значително ќе влијаат еднократните фактори“, појасни Биер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП