3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРокот за пријавување за авијација на Воената академија е продолжен

Рокот за пријавување за авијација на Воената академија е продолжен

Рокот за пријавување на конкурсот за слушатели за стручно оспособување и усовршување за родот авијација се продолжува до 20 октомври годинава, информираат од Министерството за одбрана и од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Слушателите треба да ги исполнат општите и посебните услови. Обуката трае 18 месеци. По завршеното почетно рангирање, кандидатите ќе бидат упатени на понатамошна селекција.

Посебните права и обврски на слушателите за офицери од родот авијација за потребите на Министерството и на Армијата ќе бидат уредени со договор.

По завршување на стручното оспособување и усовршување, слушателите се произведуваат во соодветниот чин од родот авијација и се примаат на служба во Министерството и во Армијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП